Мени од 100.000 фунти – еве што се јадеше на првиот оброк на Титаник


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Менито за првиот оброк сервиран на славниот Титаник беше продадено на аукциско наддавање за 100.000 фунти, пренесува ВВС.

Станува збор за мени за ручек сервиран на офицерите првиот ден од морското тестирање на 2 април, 1912 година. Менито му припаѓало на вториот офицер Чарлс Лајтолер, најистакнат член на екипажот кој ја преживеа несреќата, а истото тој го подарил на неговата сопруга кога го напуштил Саутемптон на 10 април, 1912 година.

Менито е продадено на британски колекционер на наддавање кое се одржа во саботата во Витшир.

Клуч од кабината со карти на Титаник беше продаден на колекционер од Тексас за 78.000 фунти, додека беџ од удавен морнар се продаде за 57.000 фунти. Истиот му припаѓал на Томас Мулен и бил пронајден заедно со неговото тело.

Офицерите уживале во првото јадење на Титаник за време на првиот ден од тестирањето на море на 2 април. Јадењето им било сервирано во главната менза.

Се верува дека постои само уште еден примерок од менито кое датира од 2 април, 1912 година, кој му припаѓал на петтиот офицер Харолд Лови. Тоа мени беше продадено на аукција во 2004 година за 28.000 фунти.