Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После првата историска средба со својот јужнокорејски колега, севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун си замина во црна лимузина, а внимание од неговото заминување привлече појавата на неговите телохранители кои, во стилот на „Men in black“, трчаа покрај возилото.
На интернет е објавена снимка на која се гледа како 12 телохранители во костуми трчаат покрај возилото во кое се наоѓа Ким Јонг-ун.
Ким и Мун ја завршија утринската сесија од историската средба, а за попладне е планиран нов состанок.
Ким Јонг-ун стана првиот севернокорејски лидер кој стапнал во Јужна Кореја откако полуостровот беше поделен со граѓанската војна од 1953 година.