Пресврт: Умтити и Барса блиску до договор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Барселона има добри шанси да го убеди Самуел Умтити да потпише нов договор и да остане на „Камп Ноу“, тврди каталонски „Спорт“.

Во март, играчот и неговите менаџери ја одбија понудата на Барселона. Меѓутоа, пред неколку дена раководството на Каталонците повторно имаше состанок со менаџероте и двете страни значително ги доближија своите позиции.

Проблемот на Каталонците е дека договорот со Умтити има клаузула за откуп од 60 милиони евра, која го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед. Поради тоа Барселона сака новиот договор да биде потпишан што е можно побрзо, за да биде ревидирана откупната клаузула.

До неодамна Французинот бараше премногу висиока плата која Барселона не можеше да си ја дозволи, па веќе почна да скаутира нови дефанзивци, како Ленгле од Севиља.