Кривични за бившите директори од Агенција за филм, Башески и Ѓорговска-Илиевска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од страна на финансиската полиција се поднесе кривични пријави против Дарко Башески и Мими Ѓорговска-Илиевска, бивши директори во Агенцијата за филм. Тие двајца се осомничени за несовесно работење во службата во период од 2014 до 2016 година.

Според полицијата, екс-директорите не изготвиле решенија за утврдени надоместоци кон друштвото „Тотал ТВ“ кое имало обврска како обврзник кон Агенцијата за филм врз основа на остварени приходи од вршење дејност во период од две години. За двајцата директори од оваа институција, ова е втора кривична.

Пред Нова Година, Финансиската полиција им поднесе кривични пријави и за злоупотреба на службената положба.