Еве со колкава квадратура панели цела Македонија може да се префрли на соларна енергија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Некој паметен и прогресивен ум седнал и пресметал колкава површина треба да се покрие со соларни панели за ЦЕЛОСНО да се задоволат енергетските потреби на една земја (со технологии кои МОМЕНТАЛНО се на располагање). Потоа, податоците ги ставиле во интерактивна мапа каде може да се видат резултатите за секоја земја.

Резултатот за Македонија е на сликата погоре. За нас се доволни 160 км2 или 0,6% од површината на државата. За споредба, површината на Скопје е 572 км2.

Нормално, за да има струја и ноќе и кога има помалку сонце, треба да има резервни класични системи и/или огромни батерии, ама и тоа е изводливо и решливо прашање. Ако се сака.