Видете кои клубови добиле најмногу пенали во Лигата на шампиони!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пеналот досуден за Реал Мадрид во 93-та минута против Јувентус крена голема прашина, па реноминираниот портал „Goal.com“ направи интересно класирање.

Имено, направи табела на клубовите кои добиле најмногу пенали во Лигата на шампиони, од сезоната 2003/04 па до сега.

Првото место го делат два клуба, Барселона и Баерн Минхен со 23 постигнати гола од 31 досуден пенал во нивна полза. Реал Мадрид е на третото место со еден пенал поналку – 22 постигнати гола од 30 пенали.

Потоа следуваат три англиски клуба – Арсенал (18 од 24), Челзи (16 од 20) и Манчестер Јунајтед (12 од 17).

Во Топ 10 се уште Порто (12 од 16), Јувентус и Манчестер Сити (11 од 14) и ЦСКА Москва (10 од 14).

Ливерпул, Милан, Атлетико Мадрид, Севиља и Рома исто така имаат по 10 постигнати гола од белата точка во споменатиот период.