Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски беше во посети и се фотографираше со фосилните остатоци од изумрен вид на слонови кои беа пронајдени во локалитетот кај Долни Дисан, неготинско.
Заедно со градоначалникот на Неготино, Тони Делков, тој упати честитки до истражувачките екипи од нашиот музеј и нивните колеги од Софија, соседна Бугарија за откритието кое е од големо научно значење.
Палонтолошки екипи од Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј од Софија од дваесетти април годинава започнале со ископување фосилни остатоци од изумрениот вид на слон (Choerolophodon pantelici). Овој животниски вид живеел на тревести живеалишта, слични на саваните и се смета дека е постар од мамутите.
Извор: Фокус