Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пролетта е годишно време кога природата одново се преродува, се враќа животот во природното опкружување. Истовремено, тоа е периодот кога повеќето почнуваат да слабеат и вежбаат за да се доведат во форма за летото, а покрај задолжителната физичка активност за тоа многу влијае и исхраната.
Еве кои сè пролетни намирници треба да бидат дел од вашата исхрана доколку сакате да го олесните процесот на слабеење:
1) Ротквички
Црвената боја на ротквичките се должи на антоцијанините, фитохемикалии кои го редуцираат ризикот од дијабетес и согоруваат маснотии, намалуваат холестерол и инсулинска резистентност, како и воспаленија.
2) Аспарагус
Aспарагусот е еден од првите зеленчуци кој се појавуваат на пазарите во април и мај, а богат е со калциум, бакар, фолати и железо покрај витамините А, Ц, Е, К, и Б6. Тој е исто така богат и со влакна кои подолго време го држат организмот сит, а една шолја содржи 3 грама протеин и само 27 калории.
3) Кајсии
Сезоната на кајсиите е од доцна во април до средината на јули, а тие се богати со калиум и витамините А и Ц кои промовираат добар вид, силен имунолошки систем и робусно репродуктивно здравје.
4) Грашок
Една шолја грашок содржи 9 грама протеин, а богат е и со влакна, витамини А, Б6, Ц и К, фолати, рибофлавин, тиамин, магнезиум, калиум, фосфор, манган и железо.
5) Јагоди
Сезоната на јагодите е од половината на април до јуни, што ги прави одличен избор да бидат дел од вашата исхрана тој период. Богати се со антоцијанини, влакна и витамин Ц, а се одличен додаток во разни летни пијалаци, смутија, шејкови и сл.
6) Печени компири
Печен компир со средна големина има околу 110 калории, а содржи калиум и влакна корисни за намалување на крвниот притисок. Тие исто така се богати со витамините Б6 и Ц, кои ја промовираат функцијата на мозокот.
7) Спанаќ
Полн со протеин, влакна, витамини А, Ц и К, како и железо, спанаќот е еден од најздравите зеленчуци кој воедно содржи и состојки наречени тилакоиди кои го намалуваат апетитот.
8) Папаја
Папајата е најпозната по ензимот папаин кој помага при варењето на храната со тоа што ги разложува протеините.
9) Прокељ
Овие мини-зелкички се богати со фитохемикалијата глукозинолат која содржи сулфур, и која ги штити клетките од оштетување на нивното ДНК, а нутриционистите препорачуваат да се јадат најмалку еднаш неделно.
10) Карфиол
Богат со витамин Ц, една шолја исецкан карфиол содржи 320mg калиум кој го намалува крвниот притисок и го исфрла вишокот вода и натриум од телото со што се намалува подуеноста.