Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Планетарно популарното списание GQ објави „Листа на најпреценети книги на сите времиња кои дефинитивно не мора да ги прочитате“, а покрај другите книги кои се најдоа „оцрнети“ од редакцијата на списанието, се најде и една книга која изненади многу луѓе.
Од 21 книга, според уредништвото на магазинот, Библијата заслужува да се најде на 12 место на најпреценети книги.
„Оние кои ја прочитале, знаат дека во неа има неколку добри делови, но тоа дефинитивно не е најдоброто нешто што човекот го има напишано. Се повторува, контрадикторна е, глупава и во некој поглед дури и злонамерна“, се вели во списанието.
Потегот на списанието предизвика реакции на црковни водачи од САД. Свештеникот Џонатан Морис од Бронкс одлуката на GQ ја нарече „срамна и глупава“.
На листата, меѓу другите се најдоа и „Старецот и морето”, „Ловец во житото” и „Хаклбери Фин”.