Видео: Кливленд го возврати ударот, нов блесот на „Кралот“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вицешампионот Кливленд го возврати ударот и израмни на 2-2, победувајќи ја Индијана Пејсерс на гостински терен со 100-104.

Кливленд практично водеше цел натпревар, највисоката предност беше +16 (33-49), но на средината од послендата четвртина домаќините направија пресврт и поведоа со 92-89. Но потоа на сцена стапи Леброн Џејмс, кој со помош на Кајл Корвер донесе победа за својот тим.

„Кралот“ мечот го заврши со 34 поени, 13 скокови и 7 асистенции.

Кошаркарките на Вашингтон израмнија на 2-2 во серијата против Торонто Репторс со 106-98. Бредли Бил со 31 поен беше најефикасен поединец на натпреварот. Одличен натпревар одигра и Џон Вол, кој запиша 27 поени, а кај гостите најпозитивен беше ДеМар ДеРозан со 35 поени.