Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јапонката Наби Тајима, за која се веруваше дека е најстара жена во светот, почина во 117 година од животот, соопштија јапонски медиуми.
Таџима почина вчера вечерта во болницата во градот Кикаи, во јужниот дел од Јапонија, каде се наоѓаше уште од јануари.
Таџима била родена на 4 август 1900 година и има повеќе од 160 потомци, вклучително и пра пра пра пра внуци. Таа станала најстарата личност во светот пред седум месеци, по смртта на Вајолет Браун од Јамајка, која почина исто на 117 години. Гинисовата книга на рекорди во светот, претходно овој месец, го потврди 112 годишниот Масазо Нонака од северна Јапонија како најстар човек во светот.
Геортолошката истражувачка група со седиште во САД соопшти дека уште една јапонка, Чијо Јошида, сега е најстарата личност во светот. Таа за 10 дена, треба да наполни 117 години.