„Врвниот луксуз“ на новиот Mercedes Maybach – сон на секој олигарх


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На само пет дена од неговата официјална промоција и премиерно претставување, фотографии од најновиот Mercedes-Maybach – Ultimate Luxury“ беа објавени на интернет, кои го откриваат неговиот елегантен и луксузен изглед.

Автомобилот со необичниот изглед ќе дебитира на саемот во Пекинг, а од 2020-та година на пазарот ќе се појави и сериската верзија.

Суперлуксузниот автомобили е создаден за богаташите од Русија, Блискиот Исток и Кина, кои со години сонуваат за сличен модел и во „Daimler“ реагираа што е можно најбрзо.

Сериската верзија на „Ultimate Luxury“ ќе е со хибриден погон, а суштински дел од неа ќе биде 4-литарски V8 бензински мотор со две турбини, а вкупната моќност на постројката ќе биде над 500 коњски сили, а на само на струја лимузината ќе може да мине најмалку 50 километри.

Сериската верзија најверојатно ќе добие обичен ретровизор што ќе ја смени камерата што се е употребена во концептот, но речиси е сигурно дека огромните бандажи ќе останат.

Се уште не се знае дали луксузниот седан ќе е сериски или ќе биде произведен еднаш во супер ограничена серија, што ќе донесе нови главоболки на олигарсите, кои многу го сакаат, но нема да успеат да се квалификуваат за него.