Џејмс Бонд и Рејчел Вајс ја очекуваат првата заедничка семејна принова


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Оскаровката и популарна холивудска актерка, Рејчел Вајс, објави дека со својот сопруг, актерот Даниел Крег најпознат по улогата на Џејмс Бонд, го очекуваат првото заедничко бебе.

Четирисет и осумгодишната актерка има 11-годишен син, а ѕвездата на „Џејмс Бонд“, Крег (50), има 25-годишна ќерка.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, ѕвездата на „Мумија“ рече: „ Наскоро ќе се појавам во јавноста. Даниел и јас сме многу среќни”. Тие се венчаа во Њујорк во 2011 година.

Во интервјуто таа рекла дека не го знаат полот на бебето: „Ќе имаме мало човече. Едвај чекаме да се сретнеме со него или неа. Тоа е таква мистерија сега“.