Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Грабежот кој се случи на аеродроот во Рио де Жанеиро, изведен од тројца разбојници, веројатно се вбројува во грабежите на деценијата, бидејќи „тежината“ на украдената роба достигнува 1 милион долари.
На меѓународниот аеродром „Галеао“ во Рио де Жанеиро, тројца криминалци облечени во униформи кои ги носи аеродромскиот персонал, успеаја да украдат цела пратка Samsung Galaxy S9 паметни телефони. Се проценува дека цената на украдените мобилни уреди е околу 1 милион американски долари.
Полицијата засега не дава коментари за инцидентот, а фотографиите кои ви ги пренесуваме се дел од доказниот материјал за грабежот кои протекоа во јавноста.