Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Списанието People за оваа година, меѓу големиот број славни убавици, ја прогласи пејачката Пинк за најубава жена на светот.
Пред неа оваа титула ја држеа Никол Кидман, Џулија Робертс и Кејт Хадсон. Оваа година на насловната страна од списанието осамна Пинк со своите деца, петгодишната Вилоу Сејџ и едногодишниот Џејмсон Мун.
Иако можеби не се вклопува во стандардите за она што денес се смета за совршена убавина, Пинк оваа година ја подреди конкуренцијата и покажа дека стандардите за убавината не се веќе онакви какви што беа.
Во интервјуто кое го даде за Елен ДеЏенерис, пејачката откри како се чувствува како носителка на оваа ласкава титула.
„Умрев од смеа кога дознав. Веднаш им се обратив на сите кои во тој момент беа во истата просторија со мене и ги прашав дали некогаш помислиле дека може подобро од ова“, открива Пинк.
Таа се пошегува дека за оваа титула, сепак, најзаслужни се нејзините деца, но заклучи дека го бендисува фактот што се менуваат стандардите за убавина.