Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На YouTube каналот UFOmania (веројатно на многумина уште самото име на каналот ќе им каже во која насока ќе се движи приказната), се појави бизарна снимка од суштество кое, како што првично се тврдеше, е видено во Аргентина, а многумина го опишаа како „получовек-полукуче“.
„Хибридот од човек и животно“, како што се тврди на каналот, убил две кучиња – питбул и германски овчар. Снимката има илјадници прегледи и еден куп коментари од оние кои тврдат дека и самите виделе таков морбиден ѕвер.
„Ме преплаши бидејќи гледаше право во нас, но потоа се сврте, почна да бега и без проблем го сруши бетонскиот ѕид“, е само еден од параноичните коментари под видеото.
Но, како што наложува здравиот разум, испадна дека станува збор за Фотошоп и тоа доста креативен. Порталот Inexplicit пишува дека авторите на оваа снимка се инспирирале од фантазијата за Хари Потер и дека „суштеството“, всушност, е пренесен цртеж на врколак од книгата „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“.
Имено, Ремус Лупин, професор по Одбрана од мрачните сили во Хогвартс, во романот, всушност, е врколак кој се појавува токму во ваков облик.