Галиани: Судијата Оливер е идиот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Судијата Мајкл Оливер се најде во центарот на вниманието после досудениот според пенал за Реал Мадрид во последните минути од мечот со Јувентус.

Во 93-та минута судијата Оливер оцени дека Бенатиа направил прекшок над Васкез и досуди на белата топка.

Таквата одлука го поделу фудбалскиот свет, а свое мислење даде и поранешниот директор на Милан, легендарниот Адриано Галиани.

„Јувентус заслужи да го елиминира Реал. Пеналот беше дискутабилен, а исклучувањето на Буфон апсурдно. Тоа покажа дека судијата не ја разбира фудбалската филозофија. Заклучок е дека судијата е идиот“, без влакна на јазикот изјави Галиани.

Галиани, кој сега е пратеник во италијанскиот парламент истакна дека ќе навива за Рома во Лигата на шампиони и потврди дека на 2-ри мај ќе биде на „Олимпико“ да го гледа мечот против Ливерпул.

„Ќе навивам за Рома секако. Ќе бидам на Олимпико да го гледам мечот. Ливерпул ми буди лоши спомени. Не спиев три месеци после поразот во Истанбул“, изјави Галиани.