Избран идеалниот тим во Премиер лигата!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Се ближи крајот на сезоната, а во Премиер лигата веќе го имаме и новиот шампион – тимот на Манчестер Сити.

Во ова време од годината Здужението на професионални фудбалери традиционално ги бира најдобрите 11 во тековната сезона.

Според очекувањата доминираат играчите на актуелниот шампион Манчестер Сити, тука се и тројца фудбалери на Тотенхем и по еден на Ливерпул, Јунајтед и Челзи.

На голот е заслужено Давид де Геа, а дефанзивната линија пред него ја сочинуваат Вокер, Отаменди, Вертонген и Маркос Алонсо.

Во средниот ред имаше место за тројца фудбалери и тоа: Давид Силва, Кевин де Брујн и Кристиан Ериксен. апаѓачкото трио го сочинуваат: Салах, Агуеро и Хари Кејн.

Дали се сложувате со ваквиот избор?