Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со нови осум сведочења, денес во Кривичен продолжува судењето за предметот на СЈО „Тенк“ поврзан со набаваката на фамозниот Мерцедес по нарачка на бившиот премиер Никола Груевски, кој е еден од првообвинетите.
За „Тенк“ на денешното рочиште искази треба да дадат осум сведоци.
На претходното рочиште беа сослушани тројца сведоци и почна изведувањето на доказите.
Во случајот „Танк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.