„Прво па женско“ на Таксират 2.0 оваа година – Акуа Нару на 6 мај во МКЦ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со концертот на џез хип хоп вокалот и активистка Акуа Нару, „Таксират 2.0“ во 2018 година стартува со „прво па женско“. Концертот е во организација со Tiiiit! Inc., а ќе се одржи на 6 мај во МКЦ.

„Една од водечките женски џез хип-хоп вокали премиерно со концерт кај нас и тоа со нејзиниот нов албум ‘The Blackest Joy’ кој излегува на 27-ми април!“, велат организаторите на концертот.

Инаку, музиката на Акуа Нару претставува комбинација на хип хоп, џез и соул. Себе си се опишува како политичка хип-хоп уметница и активистка. Нејзиниот звук го споредуваат со flow-то на Раким, поетиката на Лорин Хил и, конечно, во единствената моќ да говори во име на афро-американките, со Нина Симон. Акуа храбро јо комбинира „новата“ и „старата“ школа, бранејќи ги своите ставови со уникатни метафори.