Гвардиола има буџет од 200 милиони: Еве кои имиња се на неговиот список!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Раководството на Манчестер Сити ќе одвои 200 милиони фунти за засилувања ова лето, пренесуваат англиските медиуми.

„Граѓаните“ супериорно ја освоија титулата во Премиер лигата, но Гвардиола сака додатно да го засили тимот за следната сезона.

„Мирор“ пренесува дека каталонскиот стратег сака да донесе тројца фудбалери и тоа, дефанзивец, играч за врска и еден универзалец во нападот.

Медиумите веќе ги објавија имињата кои се наоѓаат на списокот на Гвардиола. Во одбраната главна цел е Тоби Алдервајлед од Тотенхем, додека за средниот ред се лецитира со неколку имиња – Фред од Шахтјор, Жоржињо од Наполи и Јулијан Вајгл од Борусија Дортмунд.

Што се однесува до нападот Гвардиола сака универзален играч кој може да игра на неколку позиции, а на списокот се Ријад Марез, Вилфред Заха и Томас Лемар.