Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актерката Ева Лонгорија беше почестена со престижна ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните.
Таа се појави на свеченоста во поодмината бременост, придружувана од нејзината пријателка, некогашна членка на поп-групата „Спајс Грлс“, Викторија Бекам.
Ѕвездата од ТВ сапуницата „Очајни домаќинки“, Лонгорија е скоро пред породување со своето прво дете, со свршеникот Хозе Бастон.
На свеченоста присуствуваа и Фелисити Хафман (уште една „очајна домаќинка“), потоа Рики Мартин, Мелани Грифит и многу други познати личности од шоу бизнисот.