Салах: Јас ја сакам Рома, немам трпение да го видам Тоти!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах е среќен што ќе има можност да игра против својот бивши клуб Рома во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Салах истакна дека со нетрпение ги чека дуелите за да ги види своите пријатели од Рома, особено Франческо Тоти.

„Тоа е тимот каде играв до минатото лето. Ги сакам фановите, а и тие ме сакаат мене. Често сум во контакт со некои од фудбалерите. Ние и понатаму сме добри пријатели“, изјави Салах.

„Се разбира дека имам фантастични спомени од престојот во Рома. Таму поминав две успешни години, најмногу сакам да го видам Франческо Тоти. Тој е просто неверојатен и во одлични односи сме“, додаде Египќанецот.