Српската Софија Лорен испратена со „Косовски божури“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српската славна актерка Јелена Јовановиќ Жигон (85) која по кратко и ненадејно боледување почина минатиот вторник, денеска ќе биде погребана на новите гробишта во Белград.

Опелото почна во 12.30 часот во црквата Св. Никола,а ќерката Ивана Жигон немо стои покрај ковчегот.

Пред црквата Свети Никола стојат голем број лица кои стрпливо чекаа да изјават сочуство до семејстовто и да и оддадат последна почест на големата актерка.

Од разгласот се слушаа потресните стихови од песната „Чарне очи“ која ја пееше хорот „Косовски божури“.

На погребот покрај роднините и пријателите беа и колегите на Јелена: Рада Ѓуриќин, Тика Станиќ, Танасије Узуновиќ, Тика Арсиќ и многу други.

Нејзината кариера е испишана со десетина филмски, сериски и театарски наслови.

Се почна во 1953 година со филмот „Општинско дете“, а публиката ја засака во популарниот серијал „Луди години“ и во „Жикина династија“ во која ја играше Јелена Тодоровиќ, покрај Драгомир Бојаниќ Гидра и Марко Тодоровиќ.

Сними повеќе од 50 играни и 15 телевизиски филмови меѓу кои се издвојуваат „Прв граѓанин на мало градче“, „Мојата страна на светот“, „Утро“, „Диво семе“, „Судар на паралелите“, „Капетан Леши“.

Во Австралија ги снимаше филмовите „Ветена жена“ и “The picture show man”, а во серијата за Винету играше со познатиот холивудски актер Стјуарт Гренџер.

Добитничка е на наградата „Златен прстен“ за најдобра актерка во 1961 година како и бројни други.

Во март на Меѓународниот форум „Златен Витез“ во Русија ја доби наградата за животно дело „Сергеј Бондарчук“, кое претходно од Србија го добија и актерите Велимир Бата Живојиновиќ и Лазар Ристовски.

Ја драматизираше поезијата на Душан Костиќ, Десанка Максимовиќ, Драган Колунџија, а потпиша и сценариото за сценско – музиката поема за Симонида изведена во март во Народно позориште во Белград.

Јелена му беше сопруга на прославениот драмски уметник Стево Жигон и мајка на актерката Ивана Жигон и синот Никола.

Со ќерката Ивана Жигон и Гаврило Кујунџиќ пред 14 години го основаше ансамблот „Косовски божури“.