Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Која е првата работа што ја правите наутро кога ќе ги отворите очите? Некои одма проверуваат социјални мрежи, други се галат со домашните миленици или со децата, трети веднаш стануваат и тргнуваат во акција во бањата.
Но, експертката по психологија од Харвард, Ејми Кади, советува дека силното и квалитетно истегнување е она кое треба прво да го направите кога ќе станете наутро од спиење.
Авторката на книгата „Presence: Bringing Your Boldest Self To ZYour Biggest Challenges“ вели дека протегнувањето има голем ефект врз тоа како ќе изгледаме и како ќе се чувствуваме и однесуваме до крајот на денот. Тоа дури има и сопствен назив – „power posing“, а неговата поента е што повеќе да си ја зголемите самодовербата и стабилноста на карактерот.
Протегнувањето со сета сила, пренесува Business Insider, му испраќа порака на вашиот мозок дека навистина сте полни со самодоверба. На сличен начин можеме да го убедиме и телото и мозокот во било што, неависно дали е нешто позитивно или негативно. Токму поради тоа автосугестијата може да биде или корисна или опасна.
Фетусната положба во спиењето – непријател на самодовербата
„Кога можете да се правите дека сте моќни, веројатно и ќе се чувствувате помоќно“, вели Кади. Многу од нас спијат во фетусна положба, а таквото будење, напоменува Кади, всушност има спротивен ефект.
„Ако спиете склупчени и се будите во таква положба, голема е веројатноста дека ќе бидете исфрустрирани, ќе имате проблеми со стресот и нема да се чувствувате доволно сигурни во самите себе“, вели таа.
Значи тоа е тоа, тајната лежи во самодовербата, а трикот е квалитетното и јако протегнување и истегнување. Не се лишувајте од ова и практикувајте го секое утро штом отворите очи.