Видео од сведочењето на Закерберг пред американскиот Конгрес


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Грешката е моја и жалам за неа“, изјави основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, на сослушувањето пред американскиот Конгрес во врска со аферата „Кембриџ Аналитика“ во која беше вмешана и социјалната платформа од која се складирале и користеле лични податоци на нејзини корисници.

„Огласувачите и програмерите нема да бидат приоритет додека сум на чело на „Фејсбук“. Ја старував социјалната мрежа кога студирав, поминавме низ многу процеси. Денеска им служиме на повеќе од две милијарди луѓе во светот и секојдневно луѓето го користат нашиот сервис за да се поврзат со оние кои им значат. Длабоко верувам во она што го работиме“, рече тој.

Главна мисија на генералниот директор на Фејсбук, за време на неговото сослушување од американските законодавци во вторник и среда ќе биде да се одбрани од повиците да се регулираат интернет-компаниите.

Сепак, изгледите за нови закони кои би го ограничиле Фејсбук и другите интернет компании се крајно неверојатни не само поради недостатокот на политичка волја и ефикасното лобирање на технолошките компании, туку затоа што само малку пратеници сакаат да се справат со комплексноста на техничките прашања.

Тој се соочува со комбиниран скандал, поради начинот на кој Русија го користела Фејсбук да шири политичка пропаганда за време на претседателските избори во 2016 година и поради тоа како Фејсбук не знаел дека политичката консултантска компанија „Кембриџ Аналитика“ неправедно собрала лични податоци на околу 87 милиони корисници на Фејсбук, повеќето од нив Американци, пренесе Ројтерс.