Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Основачот и мнозински сопственик на гигантот Фејсбук, Марк Закерберг, денес ќе сведочи пред американскиот Конгрес во врска со аферата „Кембриџ Аналитика“, каде ќе ја преземе цела одговорност врз себе за ескалацијата со злоупотребата на приватни податоци на корисниците од најпопуларната социјална платформа.
Извршениот директор на Фејсбук Марк Закерберг призна дека неговата компанија била премногу спора во реакцијата од нивна страна на руското мешање во американските избори и се извини за скандалот со приватните податоци на корисниците кои биле собирани без нивна согласност.
„Го основав Фејбук, управувам со него и јас сум одговорен за она што се случува“, наведе тој во изјавата што ја прочита пред Комитетот за енергетика и трговија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Закерберг денеска ќе сведочи пред надзорниот комитет на Сенатот.