Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американецот Радослав Черкавски доби затворска казна од десет години под обвинение дека брутално го претепал своето куче со име Папи До, кое, поради тежината на повредите, морало да биде усмртено со инјекција.
Како што пренесуваат американските медиуми, Черкавски (36) на 27 март годинава бил прогласен за виновен по 12 точки од обвинението за суровост кон животните. Кога по 10 години ќе го напушти затворот, ќе се активира дополнителна двегодишна условна казна, а исто така забрането му е до крајот на животот да дојде во контакт со некое животно.
Неговото куче било мелез од пит бул и имало една година кога во локалниот парк било пронајдено со скршени коски, убодна рана и расечен јазик. Черкавски го измачувал кучето со глад, а случајот ги шокира јавноста и активистите за правата на животните, кои несреќното куче го нарекоа Папи До. Обвинителите побараа затворска казна од 10 до 15 години, а адвокатот на Черкавски побарал од четири и пол до пет години, со образложение дека неговиот клиент добивал закани во затворот.
Черкавски за време на изрекување на пресудата веќе издржувал затворска казна за кражба во 2015 година. Имено, тогаш тој бил осуден на три до пет години затвор бидејќи украл 130.000 долари од стара жена за која се грижел како негувател. За случајот со Папи До направен е и документарен филм.