Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот производител Алфа Ромео на голема врата се врати на автомобилската сцена и тука нема никаков сомнеж. Тоа го потврди преку своите најмоќни модели кои се вистинско достигнување кога станува збор за автомобилски перформанси и моќ.
Италијански “Motor 1” на „линијата“ ги стави двата Quadrifoglio модели. И двата автомобили под хаубата имаат 2,9-литарски битурбо V6 мотор со 510 коњски сили и максимален обртен момент од 450 Nm, сето тоа комбинирано со осумстепенска автоматска трансмисија.
Главната разлика е во начинот на кој што силата се пренесува на асфалтот. Имено, додека Giulia сета погонска моќ ја добива на задните две тркала, Stelvio располага со Q4 интегрален погон на сите четири тркала. Предноста на Guilia пак, е во тоа што тежи 150 килограми помалку од кросоверот Stelvio.
Треба да напоменеме дека резултатите се послаби затоа што се вози при прилично ниски температури (околу 0 Целзиусови степени), а покрај тоа, патеката е влажна, што секако ѝ оди во прилог на Giulia. Погледнете го дуелот и видете кој стигна прв на целта.