Фустанот кој ги насмеа купувачите: Дали и вие гледате женски полов орган?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Модните граници во денешно време се доста матни и сешто поминува кај муштериите, но изгледа дека популарната веб продавница ASOS малку претера над тие граници со понудата која ја објави.

Origami bow midi фустанот од нивната понуда брзо стана хит на социјалните мрежи затоа што еден украс на него муштериите неодоливо ги потсетува на женски полов орган.

Дали на тоа повеќе ги потсетуваат тоновите на нежно розовите бои или чудно испреплетениот украс на половината од фустанот, тешко е да се каже и процени, но корисниците на социјалните мрежи добро се забавуваа коментирајќи го ова парче облека.