Законот за високо образование во собраниска, завршна фаза – дали ќе има суштински промени?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Предлог законот за високо образование влезе во собраниска процедура, со што влегува и во завршна фаза. Законските измени кои се најавуваат подобрувања кои може да се направат на овој последен текст се во неколку области, од  избор и услови за студентски правобранител, избор на студентски собранија и прекин на мандат, пријавување на корупција до  антидискриминација во високото образование. Законот за високо образование, како што вели Мартина Илиевска за Фактор, е еден од најзначајните прописи за образованието. 

Киднапирани студентски организации, политизација на академската фела и грубо кршење на универзитетската автономија. Ова се дел од аномалиите во македонскиот систем за високо образование, за кои денеска се расправаше во Собранието. Од Универзитети – до трафики за дипломи. Во последниве години, образованието е узурпирано од политички центри на моќ, потенцира академската фела. Владее корупција и непотизам.

Министерката Рената Дескоска тврди дека со новиот предлог-закон за високо образование ќе се стави крај на корпоративниот пристап кон образованието.

„Клучните темели на коишто се заснова овој закон е академската слобода која што треба да вклучува слобода на говор и изразување, што е опфатена преку повеќе аспекти. Една е преку правната сигурност којашто ќе ја имаат вработените на факултетот, друго е преку деконцентрирањето на моќта во рамките на Универзитетот.“ – изјави Рената Дескоска – министерка за образование.

Студентските права, беа главна тема на расправата. Последните студентски избори, кои беа дефинирани како „вечната болка на УКИМ“ не смеат да се повторат. Студентските претставници побараа гаранција, дека новиот закон ќе ги заштити од политичките центри на моќ.

„Претставниците или делегатите во студентските собранија на универзитетско и на факултетско ниво треба да бидфат избрани на непосредни и тајни избори, а не како што е предложено на некој делегатски систем, бидејќи се дава моќта само на едно тело, кое понатаму делегира “ – изјави Мартина Илиевска од Македонскиот образовен форум.

„Ние сметаме дека духот на овој закон е да се децентрализира моќта и моќта од тој „алфа претседател кој ќе одлучува за се“, да биде спуштен на најниско можно ниво, во овој случај тоа се студентите, а претседателот сметаме дека треба да се замени со колективен орган, односно претседателтво.“ – изјави Борјан Ефтимов од Студентскиот пленум.

Истражувањето во Македонија е на минимално ниво, потенцираа професорите. Побараа нови механизми со кои ќе се развива научно-истражувачкото творештво.

„Минатата влада инвестира над 32 милиони евра во научно-истражувачки лабаратории, но никој не знае каде се тие средства. Парите се потрошија, но немаме никаква полза од овие средства“ – вели Башким Зибери – професор.

„Минатата влада инвестира над 32 милиони евра во научно-истражувачки лабаратории, но никој не знае каде се тие средства. Парите се потрошија, но немаме никаква полза од овие средства“

Уште еден предизвик на новиот закон, е создавањето на нов систем за финансирање на универзитетите, со што ќе престане практиката да се преферира квантитет пред квалитет и веќе нема студентите да се гледаат само како бројка. Предлагачите на законот рекоа дека ова прашање допрва ќе се разгледува.