Лима ќе мерачи на Јадранско за 18.000 евра


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако манекенката Адријана Лима одамна не е во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ, очигледно од глава не може да ги извади балканските убавини на кои ја „навлече“ спортистот и бивш сопруг.

Како што пренесуваат српските медиуми, убавицата планира да помине дел од летните денови во Европа на Јадранското приморје, а наводно веќе резервирала апартман на црногорскиот Свети Стефан, каде ќе стигне во август. Според информациите од српските медиуми, на островот ќе остане десет дена, а за тој период избрала најлуксузно сместување по цена од 1.800 евра од вечер.

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

Со неа во раскошниот апартман ќе бидат и ќерките, додека дадилката и обезбедувањето ќе бидат сместени во соби. Летувањето, според овие бројки, само за сместување Лима би ја чинело околу 20.000 евра.

„Во текот на престојот лани Лима се воодушеви од Свети Стефан, па одлучи ова лето повторно да го посети. Веќе направи резервација за средината на август, кога со ќерките ќе ужива во црногорското јадранско приморје. Апартманот во кој ќе престојува има поглед кон морето, има и приватен базен и опремен е во традиционално-модерен стил. Лима жали пари за престојот во Црна Гора, па веќе најмила и јахта со која ќе ги шетаат останатите блиски места“, изјави извор за српски Blic.

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

„Немаше големи барања. Бараше фотографии од сите апартмани и го избра оној кој најмногу одговара на нејзиниот вкус. Воодушевена е од Јадранското море и затоа повторно сака да летува тука“, додаде изворот.

Од луксузниот комплекс во кој наводно ќе летува Лима не сакаа ниту да ја демантираат, ниту да ја потврдат изјавата од Blic.