Иско го допре совршенството во Торино


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо ги собра овациите на синоќешниот меч помеѓу Јувентус и Реал Мадрид, иако тој не беше единствениот „крал“ кој блесна во Торино.

Зинедин Зидан реши во стартниот тим да го стави Иско, и не погреши. Шпанскиот плејмејкер одигра фантастичен меч позициониран зад двајцата напаѓачи, Роналдо и Бензема.

Дека Иско одигра соврешен натпревар покажува и фактот дека не погрешил ниту едно додавање – 54 точни паса од 54 обиди. Тој ја допре топката 68 пати, четири пати беше фаулиран и запиша една асистенција.

На 9-ти април 2014 година против Атлетико Мадрид, Чави исто така имаше 100% успешност при пасовите (95 од 95).