Спиењето во оваа куќарка е бесплатно – ако успеете да се искачите до неа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Симпатичната и неодолива куќарка на врвот од планината Форонон дел Буинз во Италија служи како преноќиште за сите доволно храбри планинари и авантуристи кои се вешти и во форма да се искачат на нешто повеќе од 2.500 надморска висина.

Овој мал планинарски дом е изграден во сеќавање на планинарот Лука Вуерики, кој несреќно настрада во лавина. Колибата ја дизајнираше архитектот Џовани Песамоска од Удине, а градежниот материјал на местото на изградба беше пренесуван со хеликоптер.

Во текот на отежнатите и често безмилосни услови во зима, куќарката е сигурно засолниште во тивката природа со еден од најубавите и најимпресивни погледи во Италија и пошироко. Благодарение на посветениот и вешт тим од 12 волонтери, изградена е во текот на само еден ден.