Од фалби за фантастичен секс, до развод – пукна уште еден холивудски брак


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Популарниот холивудски актер Ченинг Тејтум и неговата сопруга Џена Деван официјално изјавија дека донесле одлука да се разделат после скоро деветгодишен брачен живот.

Двојката рече дека разделбата не се должи на никакви „тајни или неверства“, туку дека „со љубов и рабирање одлучиле да се разделат“ по речиси девет години во брак.

Двајцата актери се запознаа на снимањето на филмот „Step Up“ во 2006 година и се венчаа во 2009 година.

Двојката реши јавно да ја соопшти веста за разделбата, за да се осигураат дека медиумите нема да ја „расцепкаат на алтернативни факти“.

Двојката се сврши во 2008 година, а во славното интервју на Тејтум за Radio 1 со Ник Гримшо лани тој призна дека запросувањето не одело по планот.

„Кога ја запросував сопругата направив нешто многу сурово бидејќи мислев дека знае и ќе ме фати жив. Ѝ реков дека не сакам да се оженам никогаш во животот за да ја залажам. Ѝ реков дека не верувам во институцијата брак и дека најверојатно никогаш нема да се оженам. Почна да плаче. Си реков ‘Ова не оди баш најдобро’, па морав да ја запросам веднаш. Подобро отколку подоцна“, рече тогаш Тејтум.

Деван годинава јавно зборуваше за тоа дека имаат проблеми и дека работат на одржување на бракот.

Во февруари, актерката и пејачка изјави дека сака да „врисне и да им каже на сите дека никој не е совршен“ кога луѓе ѝ кажуваат дека таа и Ченинг имаат совршен живот.

„Секогаш сме ги делеле истите вредности. Ама не сме совршени. Се расправаме како и сите други двојки, не се согласуваме за некои работи, има денови кога не си се допаѓаме еден на друг како луѓе“, изјави Деван.