300.000 „германци“: Ова е најголемата автомобилска гробница на светот (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Речиси 300.000 дизел Volkswagen модели стојат на импровизирани складишта ширум Америка.

Германскиот автомобилски гигант потроши околу 7,4 милијарди долари при откуп на своите дизел модели во САД, при што, од нешто повеќе од 400.000 постоечки такви возила, собра околу 350.000. Моментално ширум САД, на 37 различни плацови, се згрижени околу 300.000 Volkswagen модели.

Според зборовите на портпаролот на VW, автомобилите одговорно се складираат, за да се обезбеди довербата и да се гарантира квалитетот на истите. Откако американските власти ќе ги одобрат модификациите, Volkswagen истите ќе ги имплементира и ќе ги врати автомобилите на пазарот. А тука не се мисли нужно на американскиот пазар.

VW ги прифати трошоците од Dieselgate (Дизелгејт) аферата од 25 милијарди долари во чии рамки влегува и откупот на речиси половина милион возила. Откупот ќе трае до крајот на идната година. VW до крајот на минатата година откупи 335.000 автомобили, од кои 13.000 беа препродадени, а 28.000 уништени. Останатите 294.000 се наоѓаат на складишта како ова на видеото.