Реакција на премиерот Заев за контроверзната поетска збирка во издание на АМС


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јавно, пред новинарите, премиерот Зоран Заев денес го изнесе својот личен став за контроверзната поетска збирка издадена под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и скандалот кој го предизвика истата заради двете песни со сексизам, шовинизам, национализам и говор на омраза.

Премиерот Заев смета дека директорот Дарко Каевски е квалитетен кадар и дека не гледа вина во него за да биде разрешен, пренесува Либертас.

Најави дека денеска ќе се сретне со Каевски и ќе разговараат за скандалот кој вчера ја разбранува јавноста и беше ударна вест во медиумите.

Директорот Каевски вчера на прес-конференција се извини и рече дека чувствува морална одговорност но не и дека има вина за да поднесе оставка.