Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една од актерките кои преку ноќ достигнаа светска слава со сигурност е Мерјем Узерли. Родена на 12 август, 1983 година, во Касел, таа е дете од мешан брак на мајка Германка и татко Турчин.
Од 2000 до 2003 година студираше во Хамбруг. Нејзина највпечатлива улога е онаа на султанката Хурем во турскиот историски спектакл „Сулејман Величенствениот“, за која освои серија награди.
Мерјем често е вбројувана на листите со најубави жени на светот. Благодарение на нејзината харизматична појава, таа е вистински магнет за машките погледи, но и за сите почитувачи на женската убавина.