Челзи му ја „краде“ најголемата желба на Мурињо


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Раководството на Челзи ќе се вклучи во траката за потписот на Тоби Алдервајлед, пренесуваат англиските медиуми.

Дефанзивецот на Тотенхем ќе биде едно од „најжешките“ имиња во летниот преоден рок, бидејќи одби да го продолжи договорот и готово сигурно ќе ја промени средината.

Силен интерес за белгискиот репрезентативец покажуваат Манчестер Јунајтед и Барселона, но сега и Челзи се вклучи во траката за неговиот потпис.

Алдервајлед во последно време го загуби местото во првиот тим кај Покетино, бидејќи имаше проблеми со повреда, но селекторот на Белгија потврди дека дефанзивецот сигурно ќе патува на Мундијалот.

Тотенхем сака да заработи од неговото заминување, па сигурно ќе го продаде ова лето. До сега Манчестер Јунајтед важеше за фаворит за неговиот потпис, но Челзи е спремен да му ги расипе плановите на Мурињо.