Бившиот тренер на Челзи се бори за живот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендата на англискиот фудбал, Реј Вилкинс се бори за живот во болница откако преживеа срцев удар.

61-годишниот поранешен играч на Челзи и Манчестер Јунајтед моментално е во кома.

Вилкинс беше поставен во вештачка кома и моментално е на интензивна нега. Неговата состојба е критична после срцевиот удар“, изјави неговата сопруга.

Вилкинс работеше во тренерскиот тим на Челзи и му беше помошник на Карло Анчелоти, а како фудбалер има запишано 84 меча за англиската репрезентација.