Историја: Кралот Џејмс го надмина Џордан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кошаркарите на Кливленд синоќа го победија Њу Орлеанс на свој терен со 107:102 и така стогнаа до седмата победа во последните осум натпревари.

Мечот го одбележа Леброн Џејмс, кој запиша 27 поени, 11 скока и 9 асистенции и со тоа го надмина легендарниот Мајкл Џордан по бројот на последователни натпревари на кои постигнува 10+ поени (867).

Серијата на Џејмс од последователни средби со 10 или повеќе поени стартува на 5 јануари 2007 година и ќе остане најдолга во НБА барем уште 7 години, бидејќи следниот во редот е Џејмс Харден со едвај 258.

Останати резултати:

Орландо – Чикаго 82:90
Атланта – Филаделфија 91: 101
Хјустон – Феникс 104: 103
Оклахома – Денвер 125: 126
Далас – Минесота 92:93
Јута – Мемфис 107: 97
ЛА Лејкерс – Милвоки 122: 124
Портланд – Лос Анџелес Клиперс 105: 96.