Home Спорт Андре Агаси го напушти Ѓоковиќ: Имав најдобри намери!

Андре Агаси го напушти Ѓоковиќ: Имав најдобри намери!

Легендарниот Андре Агаси повеќе не е тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, потврди денес Американецот.

Агаси во изминатиот период беше дел од стручниот штаб на Ѓоковиќ, а како повремен тренер присуствуваше главно на големите турнири.

„Имав најдобри намери, сакав да му помогнам на Новак. Сепак, често заклучувавме дека не се согласуваме околу некои работи. Му посакувам сѐ најдобро во кариерата“, истакна Агаси.

Тој во неколку наврати нагласи дека соработува со српскиот тенисер без финансиски надоместок.
Ѓоковиќ сега ќе продолжи да работи само со неговиот постојан тренер Радек Штепанек.

Агаси почна да работи со Ѓоковиќ пред стартот на минатогодишниот Ролан Гарос, но во меѓувреме поради повредата на лактот, српскиот тенисер имаше пад во кариерата и го пропушти поголемиот дел од сезоната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…