Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако периодов се појави фамозната фотографија која крена прашина во медиумите и јавноста за наводното помирување на Бред Пит и Џенифер Анистон, на која се гледа како тие се бакнуваат, сепак изгледа нема потреба од преголеми возбуди за „ревитализирање“ на нивната љубовна врска.
Најверојатно ексклузивната вест на која обожавателите на парот најмногу се израдуваа е лажна. Се воспоставило дека фотографијата од нив двајца, всушност е креација на Фотошоп, а се користела за да се измамат голем број на читатели кои со нетрпение очекуваат реакција од славниот актер.
Освен фотографијата направена со помош на Фотошоп, ниту еден дел од текстот за нив не бил вистинит. Единствена вистина во целата драма е дека фотографијата навистина постои, но е составена од две други. Првата е направена во 2010 година во Будимпешта, но на неа не е Анистон таа што го бакнува Пит, туку Анџелина Џоли чија рака е на рамото на познатиот актер.
Додека фотографијата од другата страна каде стои Џенифер е исто така вистинска, а направена е за време на филмски сет при снимањето на филмот The Switch која била дополнително обработена за читателите да не откријат дека тоа е измама.
Двете фотографии дополнително биле споени во една за да изгледа дека поранешните партнери се уловени заедно.