Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шест години после импресивните откритија кои беа направени од страна на истражувачки експедиции во јужните води на Карипското море, истражувачки тим од Смитсонијан ги објавиле првите детални информации за изненадувачки разновиден екосистем толку уникатен да околу него морала да биде дефинирана нова океанска зона, наречена „рарифотик“.
Претставувајќи ја секцијата на водениот столб каде слабата светлина се филтрира низ мезофотичната зона (40 до 150 метри), рарифотикот (од 150 до 309 метри) е претемен за да поддржува фотосинтетички корали кои градат гребени, а лежи над афотичната зона.
Тимот истражувачи документирал 4435 индивидуални риби за време на 80-те експедиции, меѓу кои биле откриени 30 нови видови, чија бројка се очекува и понатаму да расте како што се анализираат сите податоци.
И покрај недостатокот на алги кои се наоѓаат на дното на синџирот на исхрана кај традиционално дефинираните гребени, поголемиот дел резиденти од рарифотичните зони се риби кои можат дасе најдат и во плитките мезофотични зони. Ова е доказ дека овие видови можат да преживеат на длабочини дупло поголеми од оние за кои претходно се претпоставувало.
Генетските и физички анализи на некои од новите видови дополнително откриле дека дел од нив во скоро време еволуирале од нивните роднини од поплитките води, иако не е познато каков селективен притисок ја предизвикал таа транзиција.