Намерно направила сообраќајка поради бизарна причина – државата ѝ ги одзеде децата (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бакари Варен, мајка на две деца кои во моментот на судирот биле во автомобилот и тоа без заштитни појаси на себе, беше уапсена од полициските служби на сојузната држава Џорџија откако намерно предизвикала сообраќајна несреќа за да им докаже на своите деца дека Господ постои и оти ќе ги заштити.

За среќа после судирот, децата и мајката поминале без повреди.

Варен со своето теренско возило во полна брзина удрила во бетонски столб, а пред самата несреќа на своите деца им рекла дека намерно ќе удри во столбот за да им докаже дека Бог постои и дека ќе ги сочува во сообраќајната несреќа доколку имаат верба во него.

Несреќата ја забележале и безбедносните камери кои ја снимиле Варен како вози со автомобилот северно од индустрискиот булевар во округот Гвинет во Џорџија, пред свесно да заврти во спротивната лента, а после тоа и да се тргне од патот и на крајот да удри во бетонскиот столб, кој предизвикал огромна материјална штета на нивниот автомобил.

Нејзините две деца на возраст од пет и седум години, биле на задните седишта и поминале без повреди.

Откако полицијата излегла на местото на несреќата, Варен раскажала што се случило и признала дека намерно го удрила автомобилот за да им докаже на своите деца дека Господ постои и оти ќе ги сочува во несреќата доколку се молат и веруваат во него.

Бизарната одлука на Варен ја потврдиле и нејзините деца, кој ги опишаа моментите кои претходеле на несреќата.

„Таа заврти во спротивната лента, ги затвори очите и повторуваше: Бла, бла, го сакам Господ, а потоа се удривме“ – изјавило едно од нејзините деца кое било во автомобилот.

Жената не негирала дека намерно го удрила автомобилот, а во своја одбрана изјавила дека ги предупредила своите деца да се врзат бидејќи намерно под полна брзина ќе го насочи автомобилот кон бетонскиот столб. Сепак, жената е уапсена на лице место и ќе се соочи со обвиненија за загрозување на безбедноста на децата. Кауцијата за нејзиното ослободување е 22.000 долари, а до завршувањето на процесот нејзините деца ќе бидат кај бабата и дедото.