Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Супермоделот Тајра Бенкс открива дека на почетокот од својата плодна и успешна кариера направила корекции во својот изглед.
Бенкс призна дека на почетокот на нејзината кариера направила пластична операција на нејзиниот нос. Супермоделот вели дека чуствувала непријатност, открива во новите мемоари напишани од нејзината мајка Керолајн, Perfect Is Boring. Според Тајра, коски и попречувале да дише, но кога веќе подлегнувала на интервенција, одлучила да направи и козметичката хирургија.
„Мојата коса е вештачка и мојот нос е опериран“, рече Тајра Бенкс, велејќи дека одамна требала да зборува за овој факт.
Супермоделот сподели исто дека не гледа проблем во тоа една жена да се подложи на козметички интервенции, ако има проблем, кој ја мачи и ја прави да не се чувствува добро во својата кожа.
„Како жени треба да престанеме да се критикуваме меѓусебно“, нагласува уште креаторката на едно од најуспешните риалити шоуа во САД – „Следниот супермодел на Америка“.