Три супер предности на вечерниот тренинг


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренингот кој ви е зацртан во вашата програма и агенда мора да се одработи ако сакате да се држите до здравиот и корисен начин на живеење. Ако не сте утрински тип, тогаш голема е веројатноста дека слободно време за тренинг ви останува дури доцна попладне или навечер.

За да не се вознемирувате ако е тоа така, како поткрепа и мотивација ви нудиме три топ предности на вежбањето во вечерните часови кои можеби не сте ги знаеле.

1. Подобар сон

Не само што станува збор за поквалитетно, туку и подолго спиење отколку она кое го имаат луѓето кои вежбаат наутро или попладне. Наутро ќе се разбудите подобро расположени, поодморени и посреќни.

2. Крвен притисок

Постојат голем број истражувања кои тврдат дека вечерните тренинзи го намалуваат крвниот притисок за 15 насто во споредба со лицата кои тренираат наутро.

3. Побрзи резултати

Нивото на тестостерон навечер е поголемо, со што се стимулира растот на мускулите. Тоа во превод значи дека поголеми се шансите вашите резултати да бидат побрзо видливи и поквалитетни ако тренирате навечер.