На Инстаграм откри дека сопругот ја изневерува – еве што ја издаде љубовницата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


24-годишна Русинка на социјалната платформа Инстаграм откри дека нејзиниот сопруг ја изневерува со друга љубовница.

Ана Руденок беше шокирана кога на Инстаграм виде фотографии од 19-годишна девојка и сфати дека се направени во нејзиниот стан, а на една од фотките ја виде и сопствената мачка.

Ана на Инстаграм откри дека нејзиниот сопруг Дмитриј Руденок (27) често дели „лајкови“ на фотографиите од неговата студентка Емилија Игнатова, па го отвори нејзиниот профил за да разгледа малку што има таму. Многу брзо воочи дека таа има објавувано фотки кои се направени во семејниот стан од Ана и Дмитриј, каде носела нејзина облека, па и се фотографирала со нивната мачка. Како што пренесува Siberian Times, фотографиите се направени кога Ана со своето дете била во посета на нејзината мајка.

Дмитриј, професор на државниот универзитет Јужен Урал во Русија, го избришал својот профил на Инстаграм кога сопругата го известила дека дознала за неверството, а 19-годишната љубовница ја блокирала Ана на социјалната мрежа.

Сопругот подоцна признал дека со студентката бил во љубовна врска цели 18 месеци и дека испраќал закани до својата сопруга. „Се јавуваше и се закануваше дека ќе ме уништи и закопа, дека не му е гајле што сум мајка на неговото дете“, изјави Ана.

Потоа го прашала дали дали е таа виновна што тој ја изневерувал, а набрзо добила повик и од љубовницата. „Им кажав дека ќе одам во полоција ако ова продолжи“, изјави Ана, која пред неколку месеци роди синче со кое сега живеат кај нејзините родители.