Во Шпанија тврдат: Мурињо го убедил Бејл да се пресели во Јунајтед


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го убедил Герет Бејл да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“, тврдат шпанските медиуми.

Почетните разговори за трансферот започнале уште минатото лето и Бејл дал согласнот за трансферот уште пред натпреварот во Суперкупот. Меѓутоа, во последен момент Велшанецот се премислил и решил да остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Меѓутоа, Бејл неодамна имал разговор со Мурињо и категорично му потврдил дека ова лето сака да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Во последните неколку недели шпанските медиуми упорно тврдат дека Бејл ќе си замине од Мадрид, а сега се тврди дека неговиот избор е Манчестер Јунајтед.

Наводно „кралевите“ нема да се противат и се спремни да го продадат Велшанецот, па веќе ја одредиле и неговата цена, која изнесува 87 милиони фунти.