Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најпознатиот фудбалски портал во светот, „Гоал“ направи избор од 50 најдобри фудбалски таленти, а на прво место е Џастин Клајверт од Ајакс.
Во конкуренција беа 50 фудбалери кои се родени после 1-ви јануари 1999 година, а Џастин Клајверт ја доби титулата пред голманот на Милан, Џиџо Донарума.
Клајверт оваа сезона игра одлично во дресот на Ајакс, па иако се уште нема ни 19 години дебитираше за холандската репрезентација.
Justin Kluivert Beats Donnarumma to Win NxGn Award For World’s Best Teenage Talent https://t.co/ThzqeMIzII pic.twitter.com/iAXTIGU8ga
— THE BOX SHOW (@dboxshowafrica) March 28, 2018
На третото место се најде Винисиус Жуниор од Фламенго, фудбалер за кого Реал Мадрид плати 45 милиони евра, а потоа следуваат Матијс де Лихт (Ајакс) и Фил Фоден (Манчестер Сити).
Ова се останатите најголеми таленти од 50-то до 6-то место:
Јасин Адли (ПСЖ), Алан (Палмеирас), Итан Ампаду (Челзи), Мирко Антонучи (Рома), Жан-Фит Арп (Хамбург), Езекиел Барко (Атланта Јунајтед), Бренер (Сао Пауло), Рајан Брустер (Ливерпул), Тахит Чонг (Манчестер Јунајтед), Факундо Колидио (Интер), Диого Далот (Порто), Брахим Дијаз (Манчестер Сити), Умаро Ембало (Бенфика), Вилем Гојбелс (О. Лион), Ангел Гомес (Манчестер Јунајтед), Серхио Гомез (Б. Дортмунд), Амин Гурири (О. Лион), Каи Хаверц (Баер Леверкузен), Хуан Камило Хернандез (Хуеска), Александер Исак (Б. Дортмунд), Моис Кин (Верона), Такефуса Кубо (ФК Токио), Албан Лафонт (Тулуз), Диего Лаинез (Клуб Америка), Рафаел Леао (С. Лисабон), Линколн (Фламенго), Мизиане Маолида (О. Лион), Гонзало Марони (Бока Јуниорс), Жорди Мбула (Монако), Мејсон Маунт (Витезе), Рис Нелсон (Арсенал), Еди Нкетија (Арсенал), Паулињо (Васко де Гама), Пиетро Пелегри (Монако), Максимилијано Ромеро (ПСВ Ајндховен), Абел Руиз (Барселона), Џадон Санчо (Б. Дортмунд), Маланд Сар (Ница), Рајан Сесињон (Фулам), Миле Свилар (Бенфика), Тимоти Тилман (Баерн Минхен), Феран Торес (Валенсија), Тимоти Веа (ПСЖ), Бен Вудбурн (Ливерпул), Ден Аксел Загаду (Б. Дортмунд).